Украдениот бисерен фустан на Лупита Нионго беше пронајден од полицијата во Лос Анџелес.Lupita-Nyongo-Oscars-2015-Red-Carpet-Fashion-Calvin-Klein-Collection-Tom-LOrenzo-SIte-TLO-4

Нионго носеше фустан со 6 илјади бисери во вредност од 150 000 долари во вечерта на Оскарите. Веднаш по завршувањето на церемонијата фустанот исчезна од хотелската соба на кениската актерка.

“Фустанот што беше пронајден во голема мера личи на украдениот”, соопшти Никол Нишида, портпарол  на шерифскиот департмент на округот Лос Анџелес. Нишида не прецизира “како”, “каде”, “кој” и такви детали.54ea79e9816608815fd041fb_lupita-nyongo-oscars-2015

Бисерниот фустан е создаден од бразилскиот дизајнер Франциско Коста, креативен директор на женската секција на модната куќа “Келвин Клајн”. Скапата облека исчезна од собата на Нионго во хотелот London West Hollywood.

Лупита Нионго беше прогласена за ѕвездата со најубаво тело за 2014 година од страна на читателите на списанието “Фитнес”. Во истата година таа зеде Оскар за споредна улога во филмот “12 години во ропство”.

Слични содржини