Белгиските власти го симнаа нивото на опасност од напади во Брисел од максимално четврто на трето ниво, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извештаи од белгиските медиуми.

12285982_10206587130030169_1327357565_n1-860x660

Главниот град на Белгија речиси една недела беше под највисоко ниво на опасност поради сомнежи дека дел од осомничените за терористичките напади во Париз на 13 ноември се кријат во градот и дека е можно да подготвуваат напади слични на оние во Париз.

(ВИДЕО) Прва санкција- руската полиција уапси десетици турски бизнисмени

Поради највисоките мерки за безбедност беа затворени подземната железница и трговските центри во Брисел, властите испратија порака за откажување на сите спортски натпревари и активности на јавни места, а на улиците во градот беа распоредени припадници на белгиската војска.

 

META

Слични содржини