САД и НАТО треба да се учат на овие трикови

дрон

Русија има најмногу нови средства за пропаганда што таа широко ги користи во сириската кампања. Главното  средство се дроновите, пишува експертот во областа на безбедноста Адам Сакстон во публикација во National Interest.

Неодамна по ослободувањето на Палмира од терористите руските државни телевизии пуштија видео со одличен квалитет, направени од дрон кој ги покажува урнатините од градот. И воопшто, пишува експертот, руските медиуми уште од самиот почеток на операцијата во Сирија, редовно објавуваат слики направени на професионално ниво, и кои повеќе личат на “кадри” од видео игри. Снимањето со помош на дронове всушност дава пошироки можности за покривање отколку обичните камери, признава Сакстон. Единствениот заклучок на авторот сепак гласи: “Русија користи беспилотни летала како единствен инструмент за пропаганда”. Експертот ја  обвинува Русија во искривување на факти од сирискиот конфликт, без да тоа го доведува  за ниту еден конкретен случај. На Сакстон му се чини дека Русија со своите “информативни манипулации” се стреми да создава “антизападни расположенија” во општеството. Според него, сите што  ги сакаат руските медиуми, тоа е да се добие колку што е можно поширока публика, а не објективно да  се презентираат фактите. Сакстон го задева и тоа дека вестите во руските медиуми (особено RT) “привлекуваат вниманието на гледачите и активно  ги побиваат верзиите на Западот “. Изгледа дека главната причина за незадоволството на САД од руските дронови лежи во тоа дека Москва ги  претекна во медиумските технологии земјите од Западот, НАтаму се наведува дека   “На западните медиуми и на САД ништо не ги спречува да учат како даја  користат оваа нова технологија во осветувањето на конфликтите, а исто така и за информативни операции. Експертот ги повикува САД и земјите од ЕУ активно да користат беспилотни летала за осветлување на настаните и да се зафатат со “проевропска пропаганда”. Според него, во Украина веќе користат дронови,  за да го  “докажат руско присуство во Донбас”. Вашингтон, сепак не треба да се дава – “САД се должни внимателно да ја следат Русија, која продолжува да се проширува хоризонтите при употреба на беспилотни летала”, резимира Сакстон .

Слични содржини