Русија најави дека нема да го врати Крим на Украина, иако САД и ЕУ предупредуваат дека нема да ги укинат санкциите поради анексија на полуостровот пред една година, соопштува Ројтерс.

Dmitry Peskov

“Нема окупација на Крим. Крим е регион на Руската Федерација. Прашањето за нашите региони не подлежи на дискусија со кого и да било “, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков пред новинарите .

Рускиот парламент ја одобри анексија на Крим на 21 март 2014 година, откако жителите на полуостровот гп поддржаа на референдум. Москва постојано изјавува дека нема да го врати на Украина.

Портпаролот на Стејт департментот Џен Саки истакна вчера дека Вашингтон нема да ги укинува санкциите против Русија, додека Крим не биде вратен на Украина.

Шефот на надворешната политика на ЕУ Федерика Могерини рече дека Брисел ќе се придржува кон политиките да не ја признава анексијата, вклучително преку санкции.

Популарноста на рускиот претседател Владимир Путин се зголеми по пристапувањето на Крим, кој беше подарен на Украина од советскиот лидер Никита Хрушчов во 1954 година, кога беше дел од Советскиот Сојуз.

Слични содржини