“Нема место за младите” – Италија не може да се справи со невработеноста

од desk3

Алармантно голем дел од младите Италијанци немаат работа и нивните изгледи да ја најдат се мали. Владата конечно презеде мерки да одговори на кризата, но поради нискиот буџет  дискутабилно е колку тие можат да помогнат. Не е ни чудо што една од најпопуларните програми на италијанското државно радио RAI се вели “Нема место за младите” во земја каде економијата се соочува во стагнација и нуди малку изгледи за помладите генерации.


Невработеноста кај младите е над 30% во текот на шест години. Речиси 50.000 луѓе под 40 години отишле во странство во 2015 година, вклучувајќи 23.000 со високо образование. Според експертски извештај 75% од младите во земјата се убедени дека ќе имаат подобри можности, ако се преселат на друго место во Европа. Италија се откажува од талентите, со одливот  на мозоци се потиснува економскиот раст со 1 процентен поен годишно, според Лука Паолаци, главен економист на бизнис лоби групи Confindustria. “Ова е навистина критична ситуација”, рече тој минатата недела.

Италија има скандалозната слава на страна со рекорден удел на младите луѓе кои ниту работат, ниту учествуваат во некоја форма на образование или обука. Во 2016 година, нивното учество изнесувало 30,7% во споредба со просекот на ЕУ од 18,3%, според статистичките податоци. “Денешните млади луѓе веќе не очекуваат да бидат побогати од родителите, од дедовците и бабите”, посочува Масимилиано Валериј, директор на Институтот за социјални истражувања Censis.
“Ова е без преседан во повоената историја на Италија”, додаде тој.

Алтернативи

Идејата за која се дискутира е да се намалат трошоците за социјална сигурност за нововработените вработени на одредена возраст. Сепак, допрва треба да се наведе. Владата, исто така, размислува да испрати до 500.000 државни службеници во предвремена пензија за да ги ослободат своите работни места за помладите генерации.

Постојат меѓутоа стравувања дека обезбедувањето на даночни олеснувања само за млади вработени може да ги охрабри компаниите да ги отпуштаат, штом достигнат зрела возраст. Има и сомневање дека ветувањето за нови позиции за државна работа пред изборите догодина потсетуваше на популистичка политика. “Чудесно е дека политичарите конечно зборуваат за младите”, вели економистот и автор на книги Вероника де Романис.
“Можеби, сепак има причина ниедна друга страна да не се борел со проблемот со младинската невработеност преку масовно вработување во државниот сектор”, додава таа.

Во март научниот центар Fondazione Visentini понуди радикално решение – да се оданочат побогатите пензионери, за да се соберат пари за планови за поддршка на младите. Според експертската група тоа би било “соодветно не само од етичка гледна точка, исто така и од економска и социјална”. Истакнувајќи го колапсот на животните перспективи на младите Италијанци, асоцијацијата проценува дека просечната возраст во која младите можат да очекуваат да станат финансиски независни, ќе се зголеми од 30 во 2004 година до 38 во 2020 година и 48 во 2030 година.

Социјална норма

Мноштво млади преживуваат само затоа јшто за нив е социјално прифатливо да живеат дома до 30-те години и можат да се заработат пари на неофицијални начини, посочува Алесандро рози, професор по демографија на Католичкиот универзитет на Милано.

Енцо Латука, најмладиот член на италијанскиот парламент, ги доживеал тешкотиите на неговата генерација. 29-годишниот пратеник за ДПА изјави дека 30% од неговите соученици емигрирале. Но, тој не мисли дека младите треба да се борат против возрасните. “Ова е грешка што мораме да ја избегнеме”, вели Латука, кој е претставник на владејачката Демократска партија. “Не ја прифаќам идејата дека единствен начин за подобрување на состојбата на младите луѓе е да се влоши состојбата на постарите луѓе”, додаде тој.

Слична е положбата на синдикатите. Во средата (20-ти септември) тие ја повикаа владата да престане со плановите за зголемување на минималната возраст за пензионирање со пет месеци до 67 години, во 2019 година, но исто така и “да ги поддржи идните пензии на младите”.

Дали е можно да има доволно за секого? Во петокот (22-ри септември) владата ја зголеми целта за економски раст оваа година на 1,5 отсто или на десетгодишно високо ниво, што му даде на министерот за економија Фаон некои дополнителни опции за трошење на владата. Но, тие не се премногу со оглед на големиот јавен долг на Италија. “Ако ќебето е кратко, тешко е за секого да биде топло”, предупредува Валериу, додавајќи дека намалувањето на наталитетот и подолгиот животен век го прават италијанското општество сè повеќе и повеќе доминирано од возрасните.

“Вистината е дека сега има многу помалку млади луѓе и тоа ги прави помалку значајни од политичка гледна точка. Тажно е, но постарите луѓе кои се борат за правата на пензија, имаат поголемо влијание од младите луѓе кои се борат за своето право на работа “, истакна Валери.

Слични содржини