Нетанјаху: Неконтролираниот Иран ќе стане нова Северна Кореја

од desk2

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху го повика Генералното собрание на Обединетите нации, односно земјите потписнички на договорот со Иран за нуклеарната програма, да го променат договорт или да го поништат затоа што е опасен за Израел.


„Оние кои нам ни се закануваат со истребување се во голем проблем. Израел ќе се брани со полна сила со нашето оружје и уверување“, рече Нетанјаху нафрлајќи се при тоа на Иран.

„Не се сложувам со оние кои рекоа дека Иран ќе се смири еднаш кога ќе се потпише договорот за нуклеарната програма. Се случи она што го предвидов, дека Иран место да се здружи со другите нации ќе почне да ги уништува другите нации“, рече Нетанјаху.
Тој го спореди Иран со ситуацијата со Северна Кореја.

„Постојан такви кои рекоа дека договорот ќе го спречи Иран да направи бомба. Токму тоа го говореа и за Северна Кореја, а како се заврши“, рече Нетанјаху.

Слични содржини