Нимиц: Решението за името е на повидок

од desk4

Посредникот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц изјави дека решение за спорот за името е на повидок со што ќе се стави крај на 27 годишниот спор меѓу Грција и Македонија.

– Имам големи надежи дека овој процес се движи во позитивна насока, изјави вечерва во Њујорк Нимиц по разговорите со  претставниците на двете земји Васко Наумовски и Адемантиос Василакис.

Медијаторот посочи дека презентирал сет сугестии и предлози, кои очекува Наумовски и Василакис да ги претстават на своите влади.

– Нереално е да се очекува решение што нема да го содржи терминот Македонија, нагласи Нимиц по средбата.

Во следните две недели тој ќе ги посети двете земји за да ги слушне мислењата на Владите и да се одлучи како ќе се продолжи понатаму.

Нимиц изјави дека е тешко да се излезе со нешто ново во овој спор, бидејќи трае 25 години и размислувани се сите идеи, но смета дека овој сет идеи се компромис со кој би се согласиле и двете страни.

Слични содржини