Нов триумф на младите македонски фудбалери, победа над Северна Ирска со 2:0

од Vladimir Zorba

Младата фудбалска репрезентација на Македонија (играчи до 21 година) забележа значајна победа над Северна Ирска и ги зачува шансите за пласман на Европското првенство. Македонија ја совлада Северна Ирска со 2:0 во претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕП 2017 година.

133331357

На натпреварот кој се одигра на арената „Филип Втори’’ во Скопје, нашата селекција поведе со 1:0 во 36-тата минута, кога по уфрлувањето на Даниел Аврамовски, лошо интервенираше гостинскиот фудбалер Џош Доерти кој си постигна автогол. До вториот гол се чекаше се до 85-тата минута кога Кире Марковски ја затресе мрежата на Северна Ирска, поставувајќи ги конечните 2:0.

Ова беше натпревар од групата 3, во која Украина убедливо со 4:0 ја победи Шкотска, додека Франција со 1:0 славеше над Исланд.

Сега нашата репрезентација е на водечката позиција на табелата со 18 бодови (9 одиграни натпревари), пред Франција која има 17 (9), и Исланд кој остана на 15 бодови (еден натпревар помалку). По нив следуваат: Украина 10 (8), Шкотска 8 (8), Северна Ирска 1 (8).

Македонските младинци во последниот меч од квалификациите ќе играат против Шкотска,  во Скопје на 8 октомври.

Слични содржини