– Нов силен земјотрес вечерва во 19.54 минути беше почувствуван во Скопје и во околината. Според европскиот-медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 4 километри североисточно од Скопје, во регионот на Арачиново, на длабочина од 5 килoметри.
Претходно, земјотреси со магнутуиди од 2,3 и 3,7 степени според Рихтеровата скала го потресоа Скопје денеска во 11.50 минути и во 14.19 минути.
Трите земјотреси се дел од серијата потреси што го погодија Скопје и околината во изминатото деноноќие.
Сизмолошката опсерваторија при ПМФ информира дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 12 земјотреси.
Најсилниот земјотрес беше почувствуван вчера во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје.
Во серијата земјотреси што во текот на вчерашниот ден го погодија скопскиот регион причинети се материјални штети, а лекарска помош побарале стотина граѓани./MИА