Новата севернокорејска ракета може да стигне до Вашингтон

од Vladimir Zorba

   Новата интерконтинентална балистичка ракета на Северна Кореја може да погоди цели што се наоѓаат на растојание од 13.000 километри и доколку биде истрелана од соодветен агол, би можела да стигне до Вашингтон, соопшти Јужнокорејската војска. 

Министерството за одбрана на Јужна Кореја наведува дека сепак е нејасно дали ракетата Хвасон-15 може да се користи за борба против одредени цели.

Според експерти, неопходно е да бидат направени дополнителни оценки, за да се процени дали ракетата ќе издржи повторно влегување во атмосферата, дали може да биде прецизно насочена и да предизвика планирана експлозија.

Претходно јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Северна Кореја се уште има технички проблеми што треба да ги реши, пред да располага со интернтинентална балистичка ракета што би претставувала вистинска закана за американските градови.

Слични содржини