Објавени најдобрите петорки во НБА лигата за сезонава

од Vladimir Zorba

 

Во НБА лигата ноќеска немаше натпревари, но затоа беа објавени најдобрите петорки за регуларниот дел на сезонава. Во „првата петорка“ се најдоа: Џејмс Харден (Хјустон – 500 гласови), Леброн Џејмс (Кливленд – 498), Расел Вестбрук (Оклахома Сити – 498), Кавај Ленард (Сан Антонио – 490) и Ентони Дејвис (Њу Орлеанс – 343).

Харден ги доби сите 500 гласови за член на најдобрата петорка, додека Џејмс е избран по 11. пат и со тоа се изедначи со Коби Брајант и Карл Мелоун.

Во „втората петорка“ има двајца играчи од Голден Стејт, кои не се најдоа во „најдобите пет“: Стеф Кари и Кевин Дјурент, а покрај нив се уште Ајзеа Томас (Бостон), Јани Антетокунбо (Милвоки) и Руди Жобер (Јута).

Во „третиот тим“ се наоѓаат: Џон Вол (Вашингтон), ДеМар Де Розан (Торонто), Џими Батлер (Чикаго), Дрејмонд Грин (Голден Стејт) и ДеАндре Џордан (ЛА Клиперс)

Слични содржини