мигрант

На 14.08.2015 година околу 17,00 часот на железничката станица во Гевгелија поточно на осум колосек, каде има празни вагони во резерва, едно малолетно лице на возраст од 12 години државјанин на Авганистан е повреденo од струен удар. Од страна на Црвен Крст лицето веднаш е однесено во ЈЗУ Општа Болница –Гевгелија за укажување на лекарска помош.Лицето било во придружба на своите родители и по нивна изјава истите не приметиле како дошло до електричниот удар.

СВР-Струмица НК-Гевгелија до ОЈО-Велес, поднесе кривична пријава, против В.Ј (27) и К.Г (24) и двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение дека сториле две кривични дела “разбојништво” и „разбојничка кражба“ над македонски и сириски државјани на подрачјето на Гевгелија. Имено, пријавените на ден 12/13.08.2015 година, во времето од 23,40 до 04,00 часот, кај кружниот тек кај железничка станица забележале две малолетни лица од кои едниот на рамото носел кожна ташна (бубрег), по што второпријавениот го запрел возилото а првопријавениот ја отворил совозачката врата и трчајќи кон двете деца им се обратил на англиски јазик мислејќи дека се мигранти од Сирија. Откако ја фатил ташната со раце и насила се обидел да ја одземе малолетните лица му се обратиле на македонски јазик по што истиот ја пуштил ташната и се вратил во возилото. Веднаш со голема брзина го напуштиле местото на настанот. Подоцна околу 03,30 часот пријавените го паркирале возилото на улица од јужната страна од градскиот парк, пристигнале во паркот каде спиеле 40 сириски мигранти. Откако првопријавениот кај еден од нив забележал дека под главата има светло-сина торбичка, со намера да му ја одземе ја фатил со раце но бидејќи била обвиткана со рачките преку рамо на дрзок начин ја извлекол и почнал да бега во правец на паркираното возило во кое го чекал второпријавениот. Додека бегал оштетените видно вознемирени трчале по него по што во еден момент првопријавениот во воздух од гасен пиштол испукал еден куршум и продолжил со трчање на кај возилото оддалечувајќи се од местото на настанот. Идентификувани се сторителите за кои постои основи на сомнение дека се сторители на кривичните дела, а првопријавениот во моментот е во бегство и се превземаат мерки за негово пронаоѓање додека второпријавениот е пронајден и со истиот е извршен разговор.

Слични содржини