Односот на американските претседатели кон ФБИ

од Vladimir Zorba

 

Дојче веле – Бон

Американскиот претседател Доналд Трамп го смени директорот на ФБИ Џејмс Коми. Постапката е груба, но тоа не е преседан во американската историја. Понекогаш односите биле многу тесни. Еве неколку примери, пишува Дојче веле.

Ричард Никсон и Вотергејт

Повеќе демократски пратеници во Конгресот и многу коментатори со смената на Коми повлекоа паралела со претседателот Ричард Никсон и скандалот под името „Вотергејт”. Постапката на Трамп ја нарекоа „Стил на Никсон”. Во октомври 1973 година републиканецот Никсон во злогласниот „Масакр во саботна ноќ” го смени специјалниот детектив Арчибалд Кокс кој ја истражувал аферата Вотергејт.

Никсон се надевал дека со смената на Кокс ќе го извлече од аферата. Меѓутоа, тоа му се одбило од глава. Прислушувањето во Белата куќа е докажано. Против Никсон била покрената постапка за смена од функцијата, а тој поднел оставка во 1974 година. Тоа била единствена оставка на американски претседател во американската историја.

Бил Клинтон, помилувањето на затајувачи на данок и Моника Левински

Во неделата пред претседателските избори во 2016 година, ФБИ објави извештај во кој негативно се претставува сопругот на Хилари Клинтон, Бил Клинтон. Во тој извештај се наведува дека Клинтон на последниот ден од претседателската должност во јануари 2001 година го помилувал Марк Рич, кој бил под истрага за затајување на данок. Рич, кој во меѓувреме умрел, се преселил во Швајцарија и бил баран од страна на ФБИ. Сомнежот и помилувањето биле пред се поради тоа што поранешната сопруга на Рич пред тоа донирала голема количина на пари на Клинтон и Демократската партија.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон може да напише книга за тоа што се можат да откријат специјалните детективи. Специјалниот истражител Кенет Стар во 1994 година требал да ја истражи т.н. Whitewater афера. Во текот на истрагата била откриена аферата на Клинтон со приравничката Моника Левински, која за малку ќе го чинела претседателската кариера.

Борбата на Линдон Џонсон и Едгар Хувер против борците за граѓански права на ФБИ никој не ја донирал така силно како што ја донирал Џон Едгар Хувер. Речиси 50 години од 1924 година до неговата смрт во 1972 година бил на чело на ФБИ. Хувер како никој друг во повоениот период бил за кривично гонење на комунистите или тие кои ги сметал за комунисти. Со проблеми се соочил на крајот на својот долгогодишен мандат додека претседателската должност ја вршеле Џон Ф. Кенеди и Линдон Џонсон. Тоа било време на движење за граѓанските права. Борецот за граѓански права Мартин Лутер Кинг бил ноќен кошмар за Хувер. Подоцна на виделина излегло дека Џонсоновите обиди да ја подобри положбата на сиромашните и пред се правата на Афроамериканците силно биле спречени од страна на ФБИ, на чие чело бил конзервативен шеф.

На светло на денот излегле и документи кои покажуваат дека ФБИ бил зафатен со следење на левите либерални групи. Хувер починал пред да излезе аферата па поради тоа само може да се шпекулира дали поради тоа тогаш бил сменет. Меѓутоа, поради тоа е нарушен големиот углед кој ФБИ го имал меѓу жителите, бидејќи станало јасно дека е злоупотребен во политички цели.

Ворен Хардинг и скандалот на Доерти-Барнс

Во најстариот случај се работи за преголема близина меѓу Белата куќа и сојузните истражни органи. Во времето пред основањето на ФБИ, кога постоело БОИ (Bureau of Investigation), вниманието на јавноста го привлекло скандалот поради корупцијата и злоупотребата на положбата поради што министерот за правда Хари Доерти и директорот на БОИ Вилијам Барнс поднеле оставка.

Претседателот Ворен Хардинг со стапувањето на должноста во 1921 година во Вашингтон од Охајо, од каде потекнувал, довел негови лојални луѓе и им поделил важни позиции. Доерти исто така е еден од луѓето од опкружувањето на Хардинг. Како што поминувало времето, луѓето на Хардинг, па дури и самиот претседател, доаѓале под сомнеж за корупција и меѓусебно забошотување. Хардинг починал на претседателската должност во 1923 година. Поради тоа од Белата куќа недостасувала поддршката на неговите луѓе кои се повеќе биле под притисок. На крај, кога се дознало дека Барнс по налог на министерот за правда Доерти покренал тајни истраги против еден демократски сенатор, кој сакал да ја открие корупцијата во редовите на републиканците, двајцата морале да поднесат оставка, заклучува Дојче веле.

Слични содржини