Одземени ингеренциите на претседателот на ПССЕ, бил во Сирија кај Асад

од Vladimir Zorba

Многумина го сметат Аграмунт за про руски ориентиран, и работи на враќање на Москва во Собранието, откако на руската делегација и беше одземено правото на глас во 2014.

Бирото на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) соопшти дека на претседателот на ПССЕ Педро Аграмунт му се одземени ингеренциите, бидејќи им се приклучил на пратеници од Руската Дума во посета на Сирија на средба со претседателот Башар Ал Асад.

Бирото информира дека Аграмунт повеќе не е овластен да прави официјални посети, да присуствува на средби или да дава јавни изјави во име на Собранието како негов претседател.

Аграмунт, кој вели дека во Сирија патувал како шпански сенатор, прво пристигнал во Москва од каде со руски авион заминал за Дамаск.

Многумина го сметат Аграмунт за про руски ориентиран, и работи на враќање на Москва во Собранието, откако на руската делегација и беше одземено правото на глас во 2014.

Оттогаш Русија го бојкотира ПССЕ и не ја пријави својата делегација на актуелното заседавање, кое започна во јануари.

Аграмунт стана претседател на ПССЕ во јануари 2016.

Во Парламентарното Собрание на Советот на Европа има над 300 членови од националните парламенти во Европа. Седиштето е во Стразбур каде главно се расправа за прашања поврзани со човековите права, владеење на правото и антикорупциски мерки.

Слични содржини