За едно деноноќие од источните делови на Алепо евакуирани повеќе од 6.000 луѓе

од Vladimir Zorba

Вистински караван од амбулантни и зелени автобуси го напуштија опустошениот град


Од меѓународното хуманитарно движење “Црвениот крст” велат дека во четвртокот од сиромашниот северен сириски град Алепо се евакуирани околу две илјади очајни луѓе, од кои многу повредени, пренесува Voice of America.
Вистински караван од амбулантни и зелени автобуси го напушти опустошениот град кој пред граѓанската војна беше бисер во круната на муслиманската и арапската историја и култура. Сега од него останале само урнатини.

Сите евакуирани беа транспортирани во провинција Идлиб, која останува под контрола на опозициските сили на режимот во Дамаск.

 

Последно е дека соработници на рускито Центар за примирје евакуирале од источните делови на сирискиот град Алепо 6.462 луѓе меѓу кои и повеќе од три илјади бунтовници и 300 ранети.

Податоците се за првото деноноќие од операциите за евакуирање цивилно население и бунтовници.

Сите автобуси со кои се пренесуваат луѓето се придружени од офицери на тој центар и соработници на Црвениот краст. Возилата се движат кон реонот Ал рашидин-4 во западните делови од градот каде бунтовниците и нивните семејства се префлаат во други возила за транспорт за да продолжат кон градот Идлиб.

На маршрутата се поставени и контролни пунктови. За да се избегнат провокации, рускиот Центар ги следи операциите со дронови на кои има камери.

Слични содржини