Опозицијата го брани Зврлевски: Заев му се одмаздува за Поткуп

од desk2

Во расправата по точката за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски, пратениците од ВМРО ДПМНЕ во реплики и контрареплики, образложението на предлогот од заменик министерот за правда Оливер Ристовски го нарекоа, „празно, неаргументирано, без евалуација и конкретни забелешки на неговата работа, говор од партиски митинг“.

Пратеникот Антонијо Милошоски рече дека предлогот за смена на Зврлевски е политички реваншизам на Заев за случајот „Поткуп“.

– Неговата најголема вина и неструност во наводници е што стручно го фатил градоначалникот на Струмица во барање поткуп. Зоран Заев преку разни сценарија по изборите станува премиер и сега премиерот сака да го разреши јавниот обвинител. Тоа е најголемиот аргумент зошто еден премиер сака толку брзо да смени еден јавен обвинител. Тој јавен обвинител ги има сите податоци за тој случај. Сите други изговори или наводни аргументи се само фасаден дел од политиката во која премиерот Заев сака со разрешување на ЈО да стави свој послушник преку кого во случајот „Поткуп“ ќе излезе дека не е виновен. Бидејќи со овој ЈО не може да ги побие доказите дека барал поткуп, рече Милошоски.

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски одговори дека разрешувањето не е на предлог лично на Заев туку на Владата.

-Ова не е предлог на Зоран Заев како градоначалник на Струмица, туку на Владата. Предлогот е затоа што не го фатил раководство на ВМРО ДПМНЕ во криминали, рече Ристовски.

Денешното продолжение на седницата започна со час пауза веднаш по излагањето на заменик министерот Ристовски.

Според него, Зврлевски потфрлил во името на партискиот старешина.

-Зврлевски молчеше за Македонска банка, за Актор, за прислушуваните материјали, за барањето до Врховен суд за притворот на Сеад Кочан, рече Ристовски.

ЈО Зврлевски рече дека прво би сакал да слушне репликите и контра репликите од пратениците по говорот на заменик министерот за правда па потоа ќе им се обрати на пратениците, во врска со предлогот од како што рече Владата која го напаѓа./Нова ТВ

Слични содржини