Општествената шизофренија потекнува од баналноста на ефтините политики

од Vladimir Zorba

Сериозноста за корумпирање на културниот идентитет на Македонија не започна со градењето на мегаломанските проекти од Скопје 2014-та, туку ваквиот потег се насетуваше со претенциозноста на археолошки ископувања на неколку локалитети во Македонија, уште во славните времиња на г. Паско Кузман како прв човек на УЗКН. Кузман е добар познавач на македонската археологија, несомнемо еден од подобрите македонски археолози, кој направи чудни калкулации и заврши како осомничен во полициската акција „Фаланга 2“, случај отворен за злоупотреба на македонското културно наследство. Сомнителен е фактот, како миленикот на Владата на РМ која двапати му даде мандат на Паско Кузман, одеднаш сфати дека, археологот кој го бараше гробот на Александар Велики на македонско поднебје, ненадејно стана непријател и криминалец кај „своите“ луѓе. Во филмот „Име си е име“ каде главен протагонист беше поранешниот премиерот Никола Груевски, претставен како боксер, Кузман сведочеше дека знае каде се наоѓа гробот на големиот освојувач, но дека не е време да се зборува за тие информации.

elizabeta-kancheska-milevska-13

И така, полека уште од 2008 се насетуваше небулозноста на културниот „шарм“ на Македонија. Пред големите, капитални проекти на Владата и на Министерството за култура, се поставија скулптури низ Скопје кои неколку пати беа дислоцирани. Па полека почнаа да никнуваат споменици, па згради на државни институции, палми, фаланги, столици, Етно села. Почна културната шизофренија на античкиот Македонец, па наместо идентитет, добивме „чмар култура“, зад која се кријат милјарда потрошени евра, илјадници невработени млади луѓе и задолжени генерации.
Специјалното јавно обвинителство го отвори случајот тендер, каде како првоосомничена во случаот „Тендери“ се јавува министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Канческа- Милевска беше повикана на распит дури една недела откако Специјалното обвинителство ги достави предлозите за мерки на претпазливост до судот.
Таа е првоосомничена во новиот случај „Тендери“. Се товари за местење на тендерот за изградба на Музејот на ВМРО во полза на АД Бетон- Штип. Со тоа, како што објави Специјалното обвинителство, го оштетила државниот буџет за 1 милион евра.Во случајот се осомничени уште три лица, но мерки на претпазливост, обвинителите побараа само за министерката и второосомничената во случајот, која е дел од Комисијата за јавни набавки во Министерството за култура.

При објавување на случајот, Специјалното обвинителство соопшти дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство. Поради тоа побара од судот да им ги одземе пасошите и да им изрече обврска за пријавување на своето присуство на министерката Елизабета Канческа- Милевска и на второосомничената во случајот „Тендери“.

Како се градеше македонската култура во последните 10 години и како ефектуираше културниот идентит, одговор се раселените млади и невработени лица и иронијата на светските уметници упатена кон проектот Скопје 2014-та.
Вероника Камчевска

Слични содржини