Османи: Довербата меѓу Атина и Скопје клучна за решавање на прашањето за името

од desk4

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи во пресрет на утрешната посета на Грција изјави дека Скопје и Атина работат на градење на довербата и оти само во таква атмосфера е можно да се направи обид за изнаоѓање заедничко прифатливо решение околу разликите за името.

Османи, во интервју за Независната балканска новинска агенција -ИБНА, повторува дека наредните шест месеци претставуваат историска шанса за Република Македонија да направи сериозен исчекор за затворање на прашањето за членство во НАТО и за отворање на перспективата за пристапни преговори за членство во ЕУ. На домашен план фокусот е на реформите во приоритетните области.

– Паралелно ќе работиме и на градењето доверба со Атина, како единствена можност за да постигнеме атмосфера во која ќе може да го затвориме и прашањето за името. Тоа е усогласена владина политика, па во тој контекст ќе биде и мојата посета на Атина, вели Османи.

Во овој момент, како штоп посочи, примарна цел на Владата е да ја интензивира комуникацијата меѓу Скопје и Атина, притоа искрено посветувајќи им се на мерките за градење доверба меѓу двете општества.

Вицепремиерот истакнува дека само во таква атмосфера на доверба е можно да се направи обид за изнаоѓање заедничко прифатливо решение околу разликите за името, за што верува дека во наредниот период ќе имаме резултат.

Слични содржини