До овој заклучок дошле научниците oд рускиот град Новосибирск.

anger_child
Тие направиле обидот на глувци, кои биле поделени во две групи. Во едната биле помирни глодари, а во другата агресивните.
За време на експериментот станало јасно дека агресијата се наследува, а главната причина за неа е смртта на вишокот неврони во мозокот.
Овие неврони се формираат во раните фази на формирањето на централниот нервен систем. По раѓањето овие клетки почнуваат да изумираат, а оние кои остануваат формираат структурата на мозокот.
Во некои случаи, сепак смртта на невроните има посебен карактер. За овој вид дефект одговара протеинот proBDNF, високите нивоа на кој доведуваат до такви последици.
Научниците докажаа дека кај мирољубивите глодари нивото на proBDNF било пониско, додека оние со повисоки нивоа биле особено агресивни.

Слични содржини