Преговорите меѓу Грција и еврозоната се во критичен момент, предупреди денеска британскиот министер за финансии Џорџ Озборн.

При пристигнувањето во Брисел за средбата на министрите за финансии од ЕУ тој ги повика европските колеги „да изберат компетентност, а не хаос“.

– Доаѓаме до критичен момент за Грција и еврозоната и ги повикуваме сите страни да постигнат договор, бидејќи во спротивен случај ќе има тешки последици за економијата и финансиската стабилност, рече Озборн по неуспехот на вчерашната средба на Еврогрупата, на која требаше да се отвори пат за продолжување на грчкиот спасувачки план.

Еврогрупата и даде рок на Грција до петок да се согласи да и биде продолжена спасувачката програма, која завршува на 28 февруари, но грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изрази надеж за можно постигнување согласност за 48 часа.

Слични содржини