Папараци ја снимија Бела Адид, со гол маж во станот !

од Vladimir Zorba

Таа избувна: Болни сте!

Моделот Бела Адид беше фотографирана од папараците до прозорецот на  нејзиниот њујоршки  стан. Она што сепак го привлече уште повеќе вниманието на медиумите, беше дека во друштво на 20-годишната Бела е и друг модел – Австралиецот Џордан Барет.

На интернет веднаш почна да се шират гласини дека Џордан и Бела се пар. Младата ѕвезда, лице на Кристијан Диор, не задоцни со својата реакција.

НА социјалната мрежа “Твитер” Бела напиша дека Џордан за неа е “како брат”. Убаваиот модел   продолжи со втор твит .

 

Во него таа вели: “Ако некој воопшто мисли дека е нормално да ги сликаат во сопствениот   дом, во интимни моменти, тој е целосно болен”.

Самата Бела објавила не еднаш свои слики  на  “Инстаграм”, на кои е со пријателите. Често Адид покажува и повеќе лични моменти.

Кој Џордан Барет?

Џордан е 20-годишен модел, роден во Австралија. Името му било поврзано со Парис Хилтон и Кејт Мос, како и со тоа што сака да посетува често бучни забави.

Слични содржини