Партијата на европските социјалисти со повик до Иванов

од Vladimir Zorba

Партијата на европските социјалисти го повика претседателот Ѓорге Иванов да делува за општото добро на земјата и да се воздржи од пристрасната политика во сегашната политичка криза.

„Во парламентарна демократија на кандидатот кој има најголемо мнозинство мора да му се дозволи да формира влада во услови кога ја ужива поддршката на мнозинството пратеници“, се вели во соошпштението на претседателот на европските социјалисти Сергеј Станишев.

„Претседателот Иванов мора да остане лојален на државата и Уставот во кој се заколнал. Тој не смее да ја држи во заложништво волјата на граѓаните само заради интересите на неговата партија. Блокирањето на функционирањето на македонските институции не е само погрешно, туку е и опасно. Тоа може да ги потпали меѓуетничките поделби и да доведе до отворен конфликт. Го повикувам Иванов да биде одговорен и да му го додели мандатот на Зоран Заев“, вели Станишев.

Слични содржини