Песков:  Нема планови за нова средба меѓу Путин и Трамп

од desk4

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков во интервју за руската телевизија Русија 1 изјави дека не постојат планови за организирање на уште една средба меѓу рускиот и американскиот претседател.
– Засега нема планови да се организира билатерална средба. Во секој случај тие ќе имаат можност да разговараат на маргините на меѓународните настани, рече Песков и додаде дека руската страна била подготвена да организира состанок меѓу рускиот и американскиот лидер на самитот на Форумот за економска соработка во Азиско-пацифичкиот регион (АПЕК) кој се одржа во ноември минатата година.

Слични содржини