Петиција со поддршка за барањето на МПЦ до БПЦ

од desk4

Бугарски интелектуалци започнаа петиција со поддршка за барањето на МПЦ, која бара од Бугарската патријаршија да ја прифати како ќерка-црква и да ја признае нејзината афтоќефалност.

Интелектуалци, научници, ноинари и потомци на познати македонски семејства ја повикаа БПЦ да го прифати барањето, а целта на петиција е општеството да ја изрази својата поддршка кон БПЦ за процесот.

– Свесни сме дека проблемот со признавањето на автоќефалноста на МПЦ е прашање, кое воопшто не лесно за решавање, инаку нејзината хиерархија не би се наоѓала во изолација веќе 50 години. Но сметаме дека Бугарската патријаршија ги има сите основи и историски и канонски, да го преземе тешкиот крст и да им помогне на нашите браќа во Република Македонија, нивната црква да го добие своето полноправо место во семејството на православните цркви, се вели во писмото на иницијаторите на петицијата до бугарскиот патријарх Неофит и Светиот синод.

Слични содржини