Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска за „Мета“ потврди дека добила покана од Министерството за внатрешни работи утре во девет часот наутро да се појави на информативен разговор.

uranija-pirovska

– Повикана сум затоа што за време на протестите фрлав боја. Не планирам да престанам да фрлам боја. Сметам дека тоа е легитимно право да протестирам. Власта смета дека со овие информативни разговори, кои веројатно нема да бидат последни, ќе не заплашат, но сето тоа е контрапродуктивно. Јас и граѓаните и понатаму ќе продолжиме да излегуваме на улици и да протестираме – вели Пировска.

Вчера на информативен разговор беше повикан и претседателот на Хелсиншкиот комитет на Македонија и професор на Правниот факултет на УКИМ, Гордан Калајџиев. Против него е поднесена прекршочна пријава за нарушување на одредбите од законот за јавна чистота, заради фрлање на боја. Тој е казнет со со 50 евра парична казна или општо-корисна работа./Мета.мк

Слични содржини