По Брегзит сакаат да ја напуштат и “Песната на Евровизија”

од desk3

Околу 44 проценти од испитаниците навеле дека земјата треба да остане во натпреварот. Анкетата  „Jugov“ е спроведена на 8 и 9 мај врз 1.650 Британци.

„Британската јавност како да сака уште повеќе да ја намали врската со европските институции“, се оценува во анкетата, која потсетува дека на 23 јуни 2016 година на референдум за останување или излегување од Европската унија , 52 проценти од Британците гласале за Брегзит.

76 посто од оние кои сметаат дека Велика Британија треба да ја напушти “Песната за Евровизија”, како причина за нивната одлука, навеле дека на референдумот гласале за Брегзит.

До сега Велика Британија пет пати победува на “Песната за Евровизија”, прв пат во 19678 година со песната Puppet on a String, а последен пат 1997 година со Love Shine a Light.

 

Слични содржини