По несреќата во Турција: Вината е кај македонскиот возач на автобусот

од Vladimir Zorba

 Денеска турскиот суд ќе одлучи колку дена возачот од Македонија, кој ја предизвикал несреќата, ќе остане во притворavtobus_-_02 (1)
Возачот кој го управувал автобусот полн со македонски патници ја предизвикал сообраќајната несреќа кај Малкара, велат од  тамошната турска жандармерија за 24 вести. По извршениот увид екипите утврдиле дека  автобусот  со недозволена брзина се забил во камион полн со јаглен. По ударот камионот го влечел со себе автобусот околу двесте метри.   Турските медиуми пренесуваат дека возачот е 50 годишниот Зоран Момироски.  Возел пребрзо и во еден момент нагло закочил но било касно, влетал во камионот кој се движел пред него.
– Вината е во возачот на автобусот, возел многу брзо и ги прекршил сообраќајните правила, велат официјалните лица од турската жандармерија во Малкара.
Локалното обвинителство побарало притвор и за двајцата возачи, но тие се уште се на распит во полиција,  потврдуваат од жандармеријата.
Денеска треба да има одлука и да биде соопштено дали и колку долго ќе им биде одреден притвор.  Во меѓувреме, дваесет и едно лице остануваат хоспитализирани, а останатите се пратени назад во Македонија.несреќа_во_турција5
– Дел од повредените ги испративме во Македонија, им обезбедивме возило за да се вратат во својата држава, соопштија од жандрмеријата.
Од компанијата Богатранс, која ги превезувала патниците се уште нема никаква информација.    Единствените податоци се од Централен регистар и покажуваат дека е регистрирана на улица Мите Богоевски, во скопско Лисиче. Но, на терен нема никаков знак кој упатува дека овде е регистрирана некаква фирма.

(ВИДЕО) ЕДЕН ЗАГИНАТ, ПЕТМИНА ПОТЕШКО И УШТЕ 33 ПОЛЕСНО ПОВРЕДЕНИ ВО НЕСРЕЌА НА МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ВО ТУРЦИЈА

Турската полиција го приведе педестгодишниот возач на авотобусот со скопски регистарски таблички, како и возачот на камионот со кој се судри во  сообраќајна несреќа каде  животот го изгуби струмичанецот Никола Михаилов, а дваесетина  други патници се повредени, и задржани на лекување во Турција.

Слични содржини