Посетата на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, на Македонија, е сè уште неизвесна. Во медиумите се појавија информации дека Хан ќе го одложи доаѓањето поради мини-самитот на ЕУ посветен на бегалската криза, но по неговото откажување агендата на Хан е празна.

hahn

Ниту во Европската комисија немаат прецизни информации дали Хан утре ќе ја посети Македонија или, пак, ќе допатува откако ќе биде дадена оцената дали се создадени услови за веродостојни избори.

– Засега не можеме да го потврдиме тоа.  Ќе ве информираме штом ќе биде одлучено – соопшти Маја Коцијанчич за „Мета“.

Ванхауте: Ако има добра волја, договор може да се постигне за неколку часа

Таа ниту ја отфрли, ниту ја потврди можноста следната средба на политичките лидери со Хан да се одржи во Брисел, наместо во Скопје.

– Комисијата е во постојан контакт со сите политички актери на дневна основа – соопшти портпаролката на еврокомесарот Хан.

 

META

Слични содржини