По жесток одговор од парламентарното мнозинство Трајко во ќош-пауза за координација!

од Vladimir Zorba

Собраниската седница на која попладневно продолжи расправата по изборот на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, што е на дневен ред на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија е прекината по барање на БЕСА со цел да се свикаат претставници на  политичките парии за да се договорат како ќе се продолжи со работа.

Претседавачот со седницата Трајко Вељаноски даде пауза од еден час и закажа веднаш координација .

Африм Гаши  ги повика пратениците  на разумност и да се оди на постепено затворање на техничките постапки.

– Ние сме тука и ги застапуваме интересите на сите граѓани. Два милиони луѓе чекаат да видат какви одлуки ќе донесеме ние. Многу сме далеку од избор на претседател, влада…., да бидеме разумни и постепено да почнеме да ги затвораме техничките постапки, рече Гаши.

Во дебатата попладневно преовладуваа дискусии околу злоупотребата на парламентарната говорница од страна на преседавачот Трајко Вељановски и неговата партија ВМРО ДПМНЕ и коалицијата со тиранската платформа и употребата на јазиците. Претениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа од пратениците на СДСМ да го претстават договорениот закон за јазиците со албанските партии во земјава, додека од СДСМ забележуваа дека треба да се дебатира за составот на Комисијата.

– Пред да поминеме на каква било друга постапка да го видиме договорениот закон за јазици, не заради нас, туку заради граѓаните, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата сопартијка Нада Ципушева, исто така, потенцира дека треба СДСМ да даде одговор на граѓаните што содржи законот.

Петре Шилегов повика најпрво да се избере претседател во Собранието и влада, која потоа во собраниска процедура ќе го изложи тој закон, кој како што рече, ќе ја штити многу повеќе Македонија.

ГРУБИ: НИТУ СМЕ ЗА КАНТОНИЗАЦИЈА НИТУ ЗА ФЕДЕАЛИЗАЦИЈА, ТУКУ ЗА УНИТАРНА МАКЕДОНИЈА!

Томислав Тунтев од СДСМ побара од претседавачот да го одзема зборот на секој пратеник кој го узурпира времето со дебата која нема врска со точката на дневен ред. – Ова е точка за Комисијата за избори и именувања, вели Тунтев.

Љубен Арнаудов од ВМРО-ДПМНЕ праша зошто е поставена табла на албански јазик на ПИОМ во Охрид. Пратениците од СДСМ, пак, укажаа на двојазични табли на Македонски пошти и на Фондот за здравство.

ТУФЕГЏИЌ ДО ВМРО-ДПМНЕ: ВИЕ НЕ ЗНАЕТЕ ШТО Е ПАРЛАМЕНТАРНА ДЕМОКРАТИЈА

Тунтев истакна дека она што пречи е селективното спроведување на законите.  – Немам проблем со знамиња, со јазици. Ние тврдиме нема никаква платформа има програма на новата влада на РМ во која се артикулирани барањата од мнозинството граѓани, над 700.000 граѓани на изборите и таа артикулација е без никаква промена на Устав, рече Тунтев.

Џевад Адеми од ДУИ побара повеќе позитивен и афирмативен пристап и да се внимава какви пораки се испраќаат од Парламентот. Тој потенцира дека ова е држава и на Албанците и оти со пишано име на албански јазик не се руши држава.

АДЕМИ: ВМРО ДПМНЕ ПРИФАТИЈА СЕ ОД ДУИ – САМО НЕ СЕ СОГЛАСИВМЕ ЗА СЈО!

На оваа седница на дневен ред е и избор на претседател на Собранието на Република Македонија.

Слични содржини