Американскиот претседател Барак Обама е против соработката на својот француски колега Франсоа Оланд со газдата на Кремљ Владимир Путин во Сирија, а исто така стравува дека Париз може да ги поништи антируските санкции.

gjupce1
Ова го пишува француското издание “Поан”. Ракувањата и насмевките на шефовите на САД и Франција на фотографиите од Овалната соба можат да не измамат. Всушност политичарите не доживуваат еден кон друг голема симпатија. Франсоа Оланд не може да ја заборави одлуката на Барак Обама да го откаже почетокот на воздушните напади во Сирија на 31 август 2013 година, кога француските борбени авиони-бомбардери се подготвуваа да одлетаат за да нанесат удар на стратешките цели на силите на сирискиот претседател Башар Асад.

(ВИДЕО) Први француски напади врз ИД од носачот на авиони “Шарл де Гол”

Од своја страна Обама до крајот на својот мандат ќе има претензии кон француската дипломатија, која се двоумеше за склучувањето на договорот со Иран за неговата нуклеарна програма. Американскиот претседател се надеваше дека ќе извлече економски дивиденди од овој договор пред да ја напушти Белата куќа во почетокот на 2017 година и одеднаш, по терористичките напади од 13-ти ноември, Оланд планира невиден дипломатски маратон, вклучувајќи и средби со Дејвид Камерон, Барак Обама, Ангела Меркел, Владимир Путин, Си Цзинпин и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.

gjupce2

Постојат и одредени разлики во ставовите на Оланд и Обама по Сирија. Францускиот претседател сака заедно со Русија да создаде широка коалиција против терористите од “Исламска држава”, додека САД се изјаснуваат против тоа. Франција и Русија можат да дејствуваат заедно против “Исламска држава”. Франсоа Оланд под влијание на емоциите и внатрешните интереси го одложи за понатаму повлекувањето на Башар Асад, тогаш Обама не е притиснат по ова прашање ниту од јавното мислење, ниту од претстојните избори. Господарот на Белата куќа дури призна дека опасноста која доаѓа од “Исламска држава”, ќе постои и по истекот на неговиот мандат во јануари 2017 година

gjupce3
Обама најверојатно ќе го потсети својот француски колега, дека има и уште една причина поради која не треба да се фрла во прегратките на Москва – Украина. Ситуацијата таму не е целосно стабилизирана, иако судирите се поретки. Но економските санкции, усвоени од меѓународната заедница против Москва, треба да бидат обновени или откажани во јануари.

Американскиот претседател се плаши дека Франција, која настрада најмногу од последиците од антируските санкции, ќе стане адвокат за нивната отповикување, ако нејзе и бидат ветени воени дејствија, кои ќе ја направат ИД помалку опасна и не е исклучено да “пресуши” потокот од сириски мигранти, кој тече во Европа, пишува “Поан”.

Слични содржини