Почина детето од с. Бачишта што беше искасано од глутница кучиња

од desk2

На КАРИЛ, денеска околу 13 часот почина четиригодишното момче од кичевското село Бачишта, кое пред три дена беше нападнато и буквално растргнато од глутница кучиња. Детето беше на апарати за дишење и три дена, колку што помина на скопските клиники и беше во критична и животно загрозувачка состојба. На 16 овој месец, по нападот од глутница кучиња тоа итно беше донесено во болницата во Кичево, ода каде поради сериозноста на повредите, детето со возило за итна помош беше префрлено на Ургентниот центар во Скопје. На скопските клиники тоа беше примено во тежок хеморалгичен шок. Тоа беше практично распарчено од кучињата, со искинат стомак, тешки повреди и скршеници на черепот и градниот кош. Операцијата траеше повеќе од 4 часа и лекарите мораа да го извадат едниот бубрег како и слезинката. Лекарите од Ургентен, посочија дека не паметат ваков случај на повредено лице од кучиња.

Слични содржини