Почнала надалеку да гледа! Политичките амбиции на Анџелина Џоли во основата на разводот со Бред Пит

од desk3

Главната причина за јазот на семејството на холивудските актери Бред Пит и Анџелина Џоли се политичките амбиции на актерката, соопштува сајтот “ТиЕмЗет” (TMZ), повикувајќи се на извор близок до двојката.

c15f97a05ab2a0e44075db3e92e2786f

Според него, Џоли била толку опседната со амбиција да стане генерален секретар на ОН, што дури ангажирала двајца политички советници за да и помагаат во следните години со активности за ОН, решенијата и имиџот. Бред Пит, кој никогаш не се противел на хуманитарната дејност на својата сопруга, која е амбасадор на добра волја на ОН за бегалци, сепак бил ужаснат од тоа што актерката се почесто ги води нивните деца во зони на конфликти како Либан и Ирак .

Чашата сепак прелеала кога Џоли решила да оди со децата во Сирија.

Одлуката на двојката за разводот беше објавена на 20 септември, кога Џоли ги поднесе потребните документи за раскинување на бракот и со Бред Пит. Тогаш излегоа медиумски информации дека таа е незадоволно од тоа како нејзиниот сопруг се справувал со родителските обврски. Актерката сака целосна старателство над шесте деца, од кои три посвоени од конфликтни точки, а три нивни со Пит. На актерот му се нуди можноста да се задржи родителските права и да ги гледа децата по распоред.

Слични содржини