Почнува усогласувањето на броилата за евтината дневна тарифа

од Vladimir Zorba

   ЕВН Македонија од денеска ќе почне да ги усогласува броилата на потрошувачите по одлуката на Владата за враќање на евтината дневна тарифа од 1 октомври.

Ова го најави претседателот на Управниот одбор на „ЕВН“ Штефан Петер“ вчера во Охрид.

Тој увери дека сите 800 илјади домаќинска до крајот на идниот месец ќе имаат дневна евтина тарифа, пред почетокот на грејната сезона.

Според одлуката, евтина струја ќе има два часа дневно од понеделник до сабота од 14 до 16 часот. Евтина тарифа на струјата има и во текот на ноќните часови секој ден од 22 до 07 часот и во недела преку целиот ден.

Слични содржини