Државната изборна комисија денеска на веб страницата го објави списокот со спорните гласачи во Избирачкиот список.

Списокот можете да го погледнете и да го спуштите на следниот линк.

список дик

Според одлуката, анкетарите кои од вчера се терен, ќе проверуваат 89.338 гласачи за кои постојат т.н. „неконзистентни записи“ во избирачкиот список и во другите дата бази од државните институции.

Според ДИК, првиот ден од проверката помина без посериозни проблеми и се очекува да заврши до 3 април.

Најмногу спорни гласачи во избирачкиот список има во Чаир – 17.041. Во записот за општина Чаир се водат податоци и за Бутел и Шуто Оризари. Потоа, повеќе од 11.000 спорни записи (име, презиме и адреса) има во Куманово и Липковскиот регион, скоро 7.000 во општините Центар и Аеродром, во Карпош и Тетово над 6.000, близу 5.000 се Гостивар, а скоро 4000 во Битола.

Еве ги сите бројки, односно неконзистентни записи со податоци за спорни гласачи по општини, кои се предмет на теренските проверки:

Чаир – 17.041
Куманово -11.676
Карпош – 6.864
Центар – 6.722
Тетово – 6.293
Гази Баба – 5.720
Гостивар – 4.383
Битола – 3.849
Кисела Вода – 2.219
Велес – 2.139
Штип – 2.137
Прилеп – 2.113
Струга – 1.925
Охрид и Дебрца – 1.853
Струмица – 1.397
Кичево – 1.359
Гевгелија – 1.263
Пробиштип – 1.180
Кочани – 1.158
Кавадарци и Росоман – 1.157
Ресен – 890
Дебар и Центар Жупа – 832
Радовиш – 557
Крива Паланка – 512
Делчево – 421
Виница – 341
Свети Николе – 249
Неготино и Демир Капија – 222
Крушево – 183
Демир Хисар – 169
Валандово – 164
Кратово – 140
Берово – 118
Македонски Брод – 101

Слични содржини