Покрената иницијатива за внатрепартиска демократизација на ВМРО ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

 ВМРО ДПМНЕ покренува иницијатива за демократизација и внатре партиска модернизација и преку менување на статути и закони , менување на досегашната функционалност и концепт на организираност на партијата. Тие преку личен пример ке допринесуваат за демократизација на сите парртии.Ви ја пренесуваме нивната платформа во целсот:

П Л А Т Ф О Р М А на Внатрешната иницијатива за модернизација и демократизација на ВМРО ДПМНЕ

Демократско ВМРО за демократска Македонија”

 

Согласно определбата, Република Македонија да се развива како парламентарна демократија, неопходно потребно е политичките партии, чинители на тој парламентаризам, да бидат моделирани и функционални како демократски партии и по структура и по политиките кои ги застапуваат. Платформата за демократизација на ВМРО ДПМНЕ нуди решенија, преку кои нашата Партија ќе се модернизира како најдемократска и најпрогресивна во Република Македонија.

Поради обемност на материјалот, публикувани пред јавноста ќе бидат основните принципи на кои се базира Платформата за демократизација на ВМРО ДПМНЕ.

 

  1. Закон за политички партии

ВМРО ДПМНЕ во процесот на внатрешна модернизација и демократизација ќе предложи нов Закон за политички партии, во кој централно место, покрај начинот на финансирање на партиите, ќе стои законски загарантираната внатрепартиска демократија. На овој начин Република Македонија ќе ги модернизира и моделира политичките партии, за самата себе да си создаде услови за комплетна општествена демократизација.

Само демократски конституирани и функционални политички партии може да гарантираат демократско општество во Република Македонија.

 

  1. Статут на ВМРО ДПМНЕ

Легитимитетот и легалитетот на органите на ВМРО ДПМНЕ извира од членовите на Партијата. Во таа насока, мерките за структурни реформи во Партијата започнуваат со промена на Статутот, во насока на обезбедување на правото на донесување на одлуки од страна на органите во кои непосредно учество имаат членовите на Партијата или од нив избрани претставници.

Статутарните измени гарантираат еднаквост и недискриминација на сите членови на Партијата по национална, верска и друг вид определба, почитувајќи го трудот на искусните активисти, кои се вложиле себеси во изградбата на ВМРО ДПМНЕ, а отварајќи ги вратите за младите, жените и малцинствата, врз основа на воспоставениот демократски поредок базиран на стандарди и вредности кои ги делиме и почитуваме. Јасно прецизирани права и обрски на членовите, без никаква можност да се ограничуваат во изразувањето на нивните идеи и активности.

  • Претседателите на КИМ и МК, се избираат по пат на непосредни избори, и стануваат членови на Собранитето на ОК, без интервенции од повисоките органи на Партијата.
  • Се конституира нов орган – Собрание на ОК на ВМРО ДПМНЕ, во кое учествуваат претставници на КИМ, МК, ОК и неговите стручни комисии и сл. Истото ќе врши избор на претседател на ОК, кој ќе располага со целосен интегритет и за својата работа прво ќе одговара пред базата, а потоа пред повисоките органи. На тој начин во преден план се ставаат потребите на членовите на Партијата, наспроти оние на функционерите.
  • Составот на ЦК на ВМРО ДПМНЕ ќе e јасно ограничен со членови кои доаѓаат од базата на Партијата, со јасно дефиниран мандат, независни во можноста самостојно да донесуваат одлуки и ќе има капацитет да ги одобрува одлуките на раководството.
  • Составот на ИК на ВМРО ДПМНЕ ќе биде со строго ограничени број на членови и надлежности. Актуелните надлежности се пренесуваат кај ЦК и ОК на ВМРО ДПМНЕ.
  • Претседателот на Партијата ќе има строго ограничени овластувања, кои овозможуваат креирање на политиките и застапување на Партијата пред јавноста и институциите.

 

  1. Неспоивост на функции

Се воспоставува принципот едно лице – една должност во Партијата!

Во таа насока се објавува неспоивост на функцијата Претседател на ВМРО ДПМНЕ со функцијата Претседател на ЦК на ВМРО ДПМНЕ, потоа функцијата член на ИК со член на ЦК, како и Претседател на ОК со Претседател на Собрание на ОК и сл.

 

  1. Кадровска политика

Квалитетот на личноста пред лојалноста кон лидерот!

Се напушта концептот на неприкосновено владеење, кое произлегува од позиција и манипулација со членството. Квалитетот и интегритетот на поединецот, неговиот авторитет кај членовите на Партијата, но и во средината во која живее и работи, се единствените критериуми за внатрепартиска и институционална кариера.

Одлуките за кадровски решенија на локално ниво ќе ги носи Собранието на ОК, а тие на републичко ниво ЦК на ВМРО ДПМНЕ, со мнозинство на гласови, како конечни и задолжителни за сите органи на Партијата. Кандидатите за градоначалници, пратеници, советници и сл. ќе ги утврдува Собранието на ОК, без можност за влијание од страна на раководството на Партијата.

Се исклучува можноста за зачленување во Партијата со цел вработување или унапредување во кариерата, постапка која често се злоупотребува од неодговорни поединци.

Одлуките за кадровската политика ќе се носат транспарентно пред членовите на ВМРО ДПМНЕ, но и пред целата јавност во Република Македонија, се наведува во платформата дистрибуирана до јавноста.

 

Слични содржини