Во неколку градови во земјава се спроведува полициска акција во која  се приведени повеќе лица осомничени за серија кривични дела меѓу кои и нелегална трговија со дрога и оружје, лихварство, изнуди и криумчарење мигранти.

policija-11

Според некои информации, постојат сомневања дека групата соработувала со одредени судии. Во тек е полициска акција во Арачиново, но се уште нема информација дали се работи за истата акција.

Од МВР нема повеќе информации, а детали се најавуваат за подоцна во текот на денот.

 

Слични содржини