Политичарите ќе можат бесплатно да висат на бандери во Битола, ама повисоко од три метри

од Vladimir Zorba

plakati-2014-bitola-1

Електричните столбови во Битола не ретко служат како огласна табла за некролози, а од 21 ноември на нив ќе биди дозволено да се лепат и изборни плакати со кандидатите за пратеници на предвремените парламентарни избори, информира sdk.mk.

За разлика од некролозите кои граѓаните ги ставаат на висина од еден метар, плакатите со политичарите ќе висат на три метри. Советот на општина Битола веќе ја донесе одлуката каде ќе можат да се истакнуваат изборни плакати. Со одлуката меѓу другото, дозволено е без надомест плакати да се лепат на електрични столбови, но само на висина над три метри. Со ова политичарите ќе бидат поблиску до светилките.

Целиот текст може да се прочита тука

Слични содржини