ronaldo-i-kirali-615x400

Португалија и Унгарија го одиграа досега најдобриот натпревар на европскиот шампионат во Франција. Селекциите ремизираа со резултат 3-3. Унгарија покажа храброст и со карактерна игра три пати доаѓаше во водство. Но, тоа не беше доволно за триумф бидејќи Португалија го имаше Роналдо, кој стана прв играч што постигнал голови на четири различни европски првенства. Но, Унгарците во секој случај го освоија првото место во групата. На спротивната страна, Португалија како фаворит во оваа група на крајот го освои само третото место, со многу мака пласирајќи се во втората фаза од шампионатот.

Слични содржини