Повлечен написот со извинувањето на Трамп

од Vladimir Zorba

Српскиот магазин „Недељник“ го повлече написот во кој се вели дека републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп се извинил за американската улога во бомбардирањето на екс Југославија во 1999 година. Весникот наведува дека најверојатно бил „насамарен“ при објавувањето на сега дискредитираното интервју, информира РСЕ.

3-10-fakti-za-bilionerot-donald-tramp-www-kafepauza-mk_

Во наводното интервју Доналд Трамп ветува нова политика спрема Балканот доколку биде избран за претседател.

НАТО бомбрадирањето врз Југославија го заузда тогашниот претседател Слободан Милошевиќ и доведе до крај на војната на Косово.

Во тоа време претседател на Соединетите држави беше Бил Клинтон, сопруг на сегашниот демократски претседателски кандидат Хилари Клинтон.

Во изјавата на изборниот штаб на Трамп се оценува дека интервјуто во кое тој се извинува за бомбардирањето било измама, можност што ја призна магазинот откако Трамп го отфрли првичниот сензационален напис кој нашироко беше пренесен од американските медиуми кои ја покриваат претседателската кампања.

„Господин Трамп никогаш не му дал интервју на српскиот магазин „Недељник“ како што погрешно пренесе дискредитираниот „Њузвик“, ниту такво интервју некогаш било направено преку нашата постара советничка за комуникации Сузан Рајдер Јаворовски. Ова е измама и очекуваме официјално извинување од сите инволвирани“, изјави Џејсон Милер, советник за комуникации во изборниот штаб на Доналд Трамп.

Неколка часа потоа магазинот објави извинување на насловната страница, признавајќи дека бил насамарен, по што го повлече написот.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини