Повторно одложено разгледувањето на Извештајот на СЈО

од desk2

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедници денеска повторно го одложи разгледувањето на полумесечниот Извештај на Специјалното јавно обвинителство.


Претседателот на Комисијата Александар Кирацовски ги информираше новинарите дека разгледувањето на Извештајот на СЈО ќе биде во петок или во текот на наредната недела и дека со ова им се остава повеќе простор на сите пратеници да го разгледаат извештајот кој дури сега пристигнал во електронска верзија.

На седницата на Комисијата за политички систем денеска треба да бидат разгледани годишните извештаи на Народниот правобранител, на Агенцијата за администрација и на Дирекцијата за заштита на лични податоци.

Слични содржини