Повторно пожар во близина на Сплит, граѓани протестираат

од Vladimir Zorba

Во подрачјето на Рупотина, во близина на Сплит, синоќа избувна голем пожар, а според последните информации тој е локализиран, пишува весникот „Слободна Далмација“.

Локалните медиуми информираат дека огнот можел да се забележи дури и од некои делови на Сплит. Гаснењето на пожарот било отежнато поради невреме.

Околу илјада луѓе синоќа излегоа на протест во Сплит поради незадоволителното функционирање на системот за кризни ситуации, како што беше неодамнешниот голем пожар меѓу Сплит и Омиш.

Протестот кој се одржа под името „Сплит гори“ бил организиран од граѓанска иницијатива, а учесниците носеле транспаренти на кои пишувало „Сакаме пожарникарски возила“, „Ако пожарот не ви ја однесе куќата, тогаш тоа ќе го направи данокот“ и „Децентрализација“.

Слични содржини