Пратеникот во македонскиот парламент и лидер на Демократскиот Сојуз Павле Трајанов, му доставил известување на претседателот на парламентот Трајко Вељановски дека во иднина ќе настапува самосотојно и независно од пратеничката група на владеачката ВМРО- ДПМНЕ.

 ????????????????????????????????????

.

Трајанов ова го поврзува со враќањето на опозицијата во парламентот, и на тој начин смета дека ќе се овозможи поголема конкурентност во ставовите и размислувањата за излез од политичктата криза, а  секако и на тој начин легитимирање на ставовите на сопствената партија, кои во текот на изминатиот период се покажаа како доста различни , дури и спротивни како во целите така во стуштината, со оние на владеачката коалиција Вистинска парламентарна дебата значи поддршка за се  она што е добар закон и добра одлука за интересите на државата а не за интересите на која и да е партија. Нашата обединувача плаформа во иднина значи токму  тоа поврзување на се што е конструктивно, добронамерно  во интерес  на функционален европски ситем на општеството и во интерес на иднината на Македонија, вели за локално, сега независниот пратеник Павле Трајанов.

Неговата партија,  Демократскиот сојуз, вчера предупреди  смета дека надвор од Изборниот законик, политичките партии ја започнаа предизборната кампања, која може да биде основа за  заострување на политичката криза и целосно маргинализирање на Договорот од Пржино.

Во време кога траат преговорите за излез од политичката криза и практично имплеметирање на политичкиот договор од 2 јуни 2015 година (Пржино), сведоци сме на агресивна предизборна кампања, со што се кршат важечките изборни правила. Тоа покажува дека партиите ( посебно партиите потписнички на договорот), не се подготвени да ги почитуваат законите, ниту пак да прифатат решенија кои се во интерес на државата и граѓаните, туку поаѓаат исклучиво од партиските и лични интереси.

Демократскиот сојуз ја повика  Државната изборна комисија да реагира на соодветен начин, на прерано и вон законт започнатите предизборни кампањи на власта и опозицијата.

Се очекува неговиот  приспат   да го следи и пратеничката од ДОМ Лилјана Поповска, која исто така беше дел од пратеничката група на владеачката коалиција на ВМРО ДПМНЕ, особено што денеска во парламенто завршува бојкотот на најголемата опозициона партија СДСМ и нејзините пратеници се вклучуваат во работата на Собранието на РМ.

Слични содржини