Правосилна пресудата за изгорената селска продавница и амбуланта во Ореше

од desk3

Ќе лежат по четири години во затвор обвинетите Ѓоре Петровски и Блаже Ѓурчиновски за кривичното дело тешки дела против општа сигурност- јави ДУМА. Апелацискиот суд во Скопје ја потврди пресудата на Основниот суд во Велес и ги прогласи за виновни двајцата обвинети за предизвикување на пожарот во продавница во селото Ореше, во кој изгоре и старата селска амбуланта. Двете осудени лица ќе треба да ја надоместат и предизвиканата штета во пожарот во вредност од 2, 4 милиони денари.

alfa-fin1477404263_thumb_medium490_0

Пожарот во кој изгореја селската продавница и старата амбуланта во Ореше се случи пред девет години, ноќта помеѓу 31 јануари и 1 февруари. За судот клучно беше сведочењето на сведокот Златко Арсовски кој пред Обвинителството пластично го објаснил кривичното дело што го сториле обвинетите. Меѓу клучните аргументи во судницата на судот во Велес беше спомнувана банкарската трансакција од 800 долари ,што како награда за палењето, Петровски му ја дал на Ѓурчиновски.

Сега пресудата на судот во Велес стана правосилна и треба да се изврши. Обвинетите и веќе осудени имаат право на жалба пред Врховен суд кој пак може да побара одлагање на извршувањето до моментот на изјаснување.

Инаку првообвинетиот Ѓоре Петровски во моментов е на издржување на затворска казна по пресуда на судот во Велес за исто кривично дело во кое изгоре селската продавница во сопственост на бабата и дедото на сведокот Златко Арсовски.

Слични содржини