Преговарачите веќе нема да се среќаваат со Нимиц – во оваа фаза поинтензивно ќе комуницираат директорите за Балкан во Министерствата

од desk4

Преговарачите за спорот околу името, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, веќе нема да се среќаваат со посредникот Метју Нимиц, информира Телма.
Преговорите за името ќе ги водат делегации од МНР предводени од министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, потврдија за Телма, извори од македонското МНР.

Во оваа фаза поинтензивно ќе комуницираат и директорите за Балкан во Министерствата, Александра Миовска од македонска и Софија Грамата од грчка страна. И двете дипломатки веќе биле присутни на последната рунда преговори во Њујорк и се добро упатени во преговарачкиот процес, велат истите извори.

Посредникот Метју Нимиц, кој најверојатно, за десетина дена ќе ги посети Атина и Скопје, ќе се сретне со министрите за надворешни работи. Министрите Димитров и Коѕијас, по последната нивна средба во Солун, веќе најавија дека преговорите ќе се одвиваат со подиректна и поинтензивна комуникација меѓу нив.

По последната рунда преговори во Њујорк, амбасадорот Васко Наумовски, го нарече пакетот што го предложи Нимиц недостоинствен. Изјава што беше оценета како дипломатски пропуст, бидејќи не е пракса преговарачот да ги оценува идеите од преговарачката маса.

Од Владата пак велат дека веќе ги разгедуваат предлозите на Нимиц, а како што убедуваат од таму ќе се обидат процесот да биде што поинклузивен.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини