Прес конференцијата на амбасадорите на ЕУ и САД на која требаше да биде дадена оценка за спроведувањето на договорот од Пржино и создавање услови за фер и регуларни избори, закажана за денеска, според неофицијални извори е одложена за утре, наводно на барање на партиите.Денешниот ден ќе се искористи сите страни до крајот на денот да ја дознаат веста за да нема шпекулации.

бејли и орав влада

Како што објавуви Либертас,  од дипломатски извори дознава дека техничкиот премиер Емил Димитриев веќе го има в раце извештајот .

Нема услови за избори на 24 Април

Локално.мк, од дипломатски извори исто така  дознава и дека 24  април дефинитивно нема да биде препорачан како датумот за избори . Следниот датум е во следните месеци.

Според непотврдени информации, можно е до вечер да се оддржи лидерска средба,  пред да биде објавен извештајот јавно, лидерите ќе треба да се изјаснат кога би се одржале предвремените избори како услов земјата да излезе од политичката криза.

Од СДСМ во континуитет се за одлагање на изборите, се додека не се исполнат услови за тоа, најмногу за прочистување на Избирачкиот список и медиумски реформи, додека од ВМРО-ДПМНЕ во досегашните изјави повторуваат дека изборите треба да се одржат на 24 април како што беше првично планирано.Според извори од ВМРО ДПНЕ, нивниот алтернативен датум е 5 јуни.

Од ДУИ беа на став за одржување на избори на 24 април, се до последната изјава на Ахмети, по средбата во амееикнакста амбасада ,каде остави простор за договор.

Како што веќе објавивме , извесно е дека ЕУ и САД ќе порачаат дека нема услови за кредибилни и фер избори на 24 април, останува само на можната вечерачна лидерска средаб да се договорат дали ќе одат на втор фиксен датум, или  првин дас е спакува се како што треба па потоа веднаш дас е оди на избори.

Слични содржини