Претепани малолетник и тетовец

од desk2

Во две одделни тепачки со тешки телесни повреди се здобиле еден малолетник и еден тетовец.


Имено, во четвртокот, во 3 часот С.К.(41), пријавил дека на 11.10.2017 година околу 21,30 часот на ул.“101“ во с. Волково, физички бил нападнат неговиот 15 годишен син од страна на десеттина лица на возраст од околу 13 до 17 години.
Додека малолетниот се движел по улица заедно со неговата девојка лицата му пришле од позади и физички го нападнале удирајќи го со боксови и клоци, во пределот на главата и телото, при што се здобил со телесни повреди, констатирани од страна на лекар во Ургентен Центар Мајка Тереза – Скопје. СВР-Скопје превзема мерки за целосно расчистување на случајот.

Во средата пак, во ПС-Тетово, А.С. (29), пријавил дека на 10.10.2017 година околу 20,15 часот на ул.„Љуботенска“ во Тетово, застанало возило во кое биле лицата Џ.С., Б.И. и С.Н од Тетово. Притоа, Џ.С. почнал да му упатува разни пцовки кон него, по што излегол од возилото и физички го нападнал удирајќи го А.С. со глава во пределот на носот, по што тој. паднал на плочникот. Во тој момент и Б.И. и С.Н. физички го нападнале удирајќи го со нозе во пределот на главата и телото. А.С од нападот се здобил со видлива повреда во пределот на лицето. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Слични содржини