Претседателот Ѓорге Иванов нема да ја коментира иницијативата на Уставниот суд, со која се навлегува токму во неговите ингеренции, пренесе Алсат М.

 голе



Три дена по седницата на Уставен, по лавината реакции и граѓански протести, од Кабинетот на Иванов денеска  за Алсат М одговорије: „Претседателот Ѓорге Иванов досега не коментирал иницијативи или одлуки на уставниот суд.“

Алсат М побара став и од Уставниот суд за протестите, но лицето за контакт со јавноста, одговорило „дека јасно било кој стои зад нив“

СДСМ денеска на прес конференција обелодени постоење на како што велат  партиско – фамилијарни инсталации на ВМРО – ДПМНЕ во Уставниот суд.

„Ќерката на Елена Гошева, првата судика во Уставниот суд, Слободанка Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО – ДПМНЕ, УМС. Сопруг на Слободанка Гошева Гиевска е Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО – ДПМНЕ. Слободанка Гошева Гиевска, беше претседател на Пописна комисија во пописот што не се спроведе. Сопруг на Елена Гошева е Ѓорѓи Гошев, поранашен директор на Студентски центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Петре Шилегов – портпарол на СДСМ.

За ова  од ВМРО-ДПМНЕ одговорија:
„На јавноста ù е сосема јасно дека ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои зад ставот во врска со актуелната иницијатива пред Уставниот суд и тоа не е променето од 2009 до сега. СДСМ во 2009 беше со став дека измените во законот се неуставни и дека ќе паднат пред Уставниот суд. Затоа веќе трет ден се крие и Цветанка Иванова и Емилијан Станковиќ и сите членови на партијата кои во 2009 година гласаа против измените во законот за помилување…“

.

Слични содржини