Претставници на Евроската унија (ЕУ) и амбасадорот на Соединетите Американски Држави во земјава, Џес Бејли попладнево ќе ја соопштат оцената за тоа дали се исполнети сите услови за одржување на превремените парламентарни избори на 24 април, велат од амбасадите на ЕУ и САД.

еу сад

Иако првично беше закажана изјавата за 14:30 ч, предавањето на оценката повторно е одложено. Според најновите најави од амeриканската амбасада во Скопје, тоа ќе се случи во 16.30 часот.

Нема ни извесни информации дали дипломатите документот со конечната оцена ќе му го предадат на техничкиот премиер Емил Димитриев.

Бејли и Орав во 14:30 ч. од пред Владата ќе кажат за условите за одржување избори

Првично, оцената требаше да биде соопштена вчера, но, како што информираа од амбасадите, било направено одложување на барање на партиите потписнички на Договорот од Пржино.

Слични содржини