Притвор и за петоосомничениот напаѓач на пратеникот Села

од desk2

Судија на претходна постапка му определи 30-дневен притвор на петтоосомничениот Александар Јаневски – Тошта, за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, за настанот од 27 април во зградата на македонскиот Парламент.

– Одлучувајќи по предлогот на надлежен јавен обвинител, судија на претходна постапка определи мерка притвор во траење од 30 дена за трите осомничени лица. Освен ова, притвор во траење од 30 дена беше определен и за петтото лице кое беше претходно лишено од слобода за истиот настан и за кое одлуката на Судот беше одложена заради влошена здравствена состојба на осомничениот, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство. Заедно со Јаневски во полициската акција беа уапсени уште четири лица. Станува збор за Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павлески – Кобра.

Во мај годинава за нападот на Села први беа уапсени Кире Ѓоргиевски и неговиот татко. Со последниот изречен притвор бројот на осомничени за нападот на пратеникот Села се зголеми на 10 лица.

Слични содржини