Проф. Михаил Константинов: Договорот за добрососедство и е многу по потребен на Македонија, отколку на Бугарија

од Vladimir Zorba

Договорот за добрососедство и е многу по потребен на Македонија, отколку на Бугарија. Ова го изјави за бугарското радио “Фокус” изборниот експерт и аналитичар проф. Михаил Константинов.

Според него соседот има потреба од внатрешна стабилизација, од решавање на демографскиот проблем и да биде свесен дека Бугарија не е нејзин непријател.

“Македонците успеваат да се испокарат со своите соседи. Позната е по спорот за името, кој го имаат со Грција, нивните претензии кон Бугарија и други земји. Крајно време е Македонија да разбере дека светот не е непријател кон нив, туку нивниот проблем е внатрешен. За договорот постојат работи со кои не треба да се прави компромис.
На пример прашањата за јазикот не се прашање на меѓудржавни договори. Не може со договор да се дефинира вистинскиот јазик за зборување, ова е нешто што треба да биде решено од специјалисти “, објасни аналитичарот. Проф. Михаил Константинов додаде дека Бугарија постојано и помагала на Македонија, а примери за тоа не недостигаат во историјата.
“Не може сепак да се дава помош на некој кој очигледно не ја сака”, објасни проф. Константинов. Според него, тешко е да се коментира договор кој никој не го видел.

Слични содржини